Утринава дел од медиумите пишуваа дека има пресврт во случајот Лионел Меси. Според нив Аргентинецот може да потпише нов договор со Барселона, а на маса имал и понуда од Јунајтед.
Но, се чини сите овие информации „паѓаат во вода“. Меси денеска треба да пристигне во Париз и официјално да биде промовиран како ново засилување.
Вчера фановите на францускиот тим го чекаа на аеродромот, но тој не слета. Меси заминал за Ибица каде ставил потпис на соработката со ПСЖ. Раководството на овој клуб подготвува спектакл, промоцијата ќе биде на Ајфеловата кула која ја откупија во чест на еден од најдобрите фудбалери во светот.
Меси после 21 година се раздели со каталонскиот гигант, причината беше финансискиот фер-плеј, во овој момент Бара не може да ги исполни неговите барања.
Тој во Париз ќе дојде како слободен играч, ќе потпише двегодишен договор, а по сезона ќе заработува 40 милиони евра.