По Дончиќ, Далас потпиша нов договор и со Марјановиќ

615

Откако денеска во Словенија првите луѓе на Далас успеаја да го потпишат новиот повеќегодишен мултимилионски договор со првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, вечерва стигнува информација дека Мавси успеаја да ја продолжат соработката со уште еден свој кошаркар.

Станува збор за српскиот центар Бобан Марјановиќ, кој со своите 32 години е еден и од најискусните во составот. 224 сантиметри високиот центар денеска ставил парав на нов договор, но условите не се објавени.

Маријановиќ дојде во Маверикс во 2019 година. Минатата сезона одигра 33 натпревари, со просек од 4,7 поени и 3,9 скока по натпревар.

ПретходноДимитријевиќ пристигна во Валенсија: Ова е победнички тим!
СледноПораз на стартот од Грција за македонските кадети на Лазаров (ФОТО)