Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси пристигна во Париз и до крајот на денот ќе стави потпис на договорот со Пари Сен Жермен со што ќе стане нивен нов член после долги години во Барселона.
Меси слета во Париз, а клубот не дочека и на своите профили на социјалните мрежи го објави спектакуларното засилување. Аргентинецот ќе потпише двегодишен договор за 35 милиони евра плус бонуси по сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.
Со тоа ПСЖ ќе склопи вистински дрим-тим, па ќе може фуриозно да нападне на сите трофеи во новата сезона.
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 10, 2021