Саутемптон во голгетер од Блекбурн најде замена за Дени Ингс

213

Саутемптон на само неколку дена до почетокот на новата сезона во Премиер лигата успеа да го реши прашањето со адекватна замена за Дени Ингс кој го напушти клубот и се пресели во Астон Вила. Денеска Саутемптон објави дека ново напаѓачко име во тимот е досегашниот голгетер на Блекбурн Роверс, Адам Армстронг, кој потпиша четиригодишен договор со „светците“.

Саутемптон минатата недела го продаде талисманот Дени Ингс, кој, откако го отфрли новиот договор го заврши трансферот од 30 милиони фунти во Астон Вила.

Неговото заминување им овозможи на „светците“ да профитираат многу од продажбата и да обезбедат доволно средства за нови имиња.

ПретходноЛШ: Адеми и Ристовски во плеј-оф, Динамо славеше во Варшава (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Лео Меси потпиша за ПСЖ!