Шкендија и Зејнулаи „раскинаа“, младиот играч сака повеќе простор за игра

432

Екипата на Шкендија на својот официјален веб-сајт објави дека Арбин Зејнулаи го напушта клубот.

По взаемен договор на играчот и „црвено-црниот“ тим од Тетово, дојде до прекин на соработката. Зејнулаи побарал од клубот раскинување на договорот, во желба да пронајде средина каде што ќе има повеќе простор за игра.

Зејнулаи е дете на Шкендија, член е на првиот тим од 2016 и има само 22 години. Минатата сезона настапи на 30 натпревари за клубот и запиша три асистенции.

ПретходноЛШ: Џерард против Томасон за евро-опстанок, Динамо З. мора да победи во Варшава
СледноГеоргиевски на 6. место на светската Таеквондо листа