Најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ донесе очекувана одлука, ќе го прескокне Мастерсот во Синсинати.
Откако не успеа да дојде до златниот медал на Олимписките Игри, Србинот призна дека постои физички и психисчки замор, и сака да одмори за да дојде подготвен на УС Опен.
„Сакам да споделам со вас една вест, а тоа е дека ќе го пресконам турнирот во Синсинати за да го искористам тоа време за одмор и секако да поминам што повеќе време со семејството. Од Австралија до Токио потрошив многу енергија, па сега сум целосно насочен кон опоравување и подготвки за УС Опен. Се радувам што одново ќе се видиме во Њујорк“, рече Ноле.
Ѓоковиќ во Њујорк ќе има шанса да ги обедини сите грен слемови во годината.