Женската кадетска селекција на Македонија имаше повеќе од успешен почеток на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси. Избраничките на Никола Златев славеа со резултат 91:53.
Само во првата четвртина нашите млади кошаркарки имаа рамноправен противник пред себе. На истекот на десет минути, Македонија водеше со (18:16).
Но до крајот на премиерниот мелч во Тбилиси, на теренот постоеше само една селекција-македонската. Во вториот период направивме (28:9), па на половреме беше 46:25. Натаму се беше во наша корист.
Капитенот Алексовска реализираше 18.поени, а еден помалку имаше Николов. Покрај нив, 15 даде Стоевска, Милованова имаше 12, а Петревска уште десет реализирани поени.
Утре, во исто време, од 14. часот, следува мечот против репрезентацијата на Албанија.