Флоријан Кадриу (25) е најновото засилување за редовите на Струга Трим Лум. Се разбира дека ова е големо засилување за составот на стратегот Срѓан Захариевски. Офанзивецот, кој може да игра на повеќе позиции денеска беше и официјално промовиран во дресот на стружани.
Инаку последен клуб на Флиријан Кадриу беше Сабаил, претходно играше за Работнички, Шкупи, Тирана, Влазерими.