Лионел Меси ја напушти Барселона после 21 година мината во овој клуб поради финансискиот фер-плеј.
Каталонскиот гигант во неделата го совлада Јувентус со 3-0 во пријателски натпревар, но ситуацијата во соблекувалната на Барселона не е идеална, открива Пике.
„Не е баш најдобро овие денови. Знаевме дека ќе дојде до ова еден де, но тешко се одрази врз момците, поготово за нас, кои со години ја делевме соблекувалната. Тој е најдобриот играч во историјата, никогаш нема да бидеме исти, но затоа тимот мора да расте во други аспекти. Зборуваме за најдобриот играч на сите времиња. Губите важен напаѓачки адут, кој ви носел многу голови и асистенции, а истовремено морате да останете конкурентни“, изјави Пике, но и најави битката за трофеи.
„Момците мора да се прилагодат, работите мора да се решат. Ние сме Барса и на крајот ќе се бориме за титулите“.
Претходно преку социјалните мрежи тој се збогува со Меси.
„Ништо нема да биде исто. Реалноста е тешка. Се запознавме во 2000 година…“, се дел неговите зборови.