ПСЖ објави – Меси е наш!

246

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси пристигна во Париз и до крајот на денот ќе стави потпис на договорот со Пари Сен Жермен со што ќе стане нивен нов член после долги години во Барселона.

Меси слета во Париз, а клубот не дочека и на своите профили на социјалните мрежи го објави спектакуларното засилување. Аргентинецот ќе потпише двегодишен договор за 35 милиони евра плус бонуси по сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Со тоа ПСЖ ќе склопи вистински дрим-тим, па ќе може фуриозно да нападне на сите трофеи во новата сезона.

ПретходноЕлмас е на проба во белгиски Генк (ФОТО)
СледноСтоунс ја продолжи верноста со Сити