У-21: Србија ја дочекуваме во Охрид!

1080

Во септември покрај продолжувањето на квалификаците за СП во Катар 2022 година за А репрезентацијата, и младата селекции до 21 година ќе ги стартува квалификациите за ЕП. Познато е дека првиот меч го играме на гости, и тоа кај Франција на 2 септември, додека првиот меч како домаќини ќе го играме против Србија на 7 септември на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид и тоа со почеток во 16 часот. На тој натпревар всушност и официјално ќе биде пуштена во употреба и новата трибина на стадионот во Охрид која беше изградена со помош на Фудбалската федерација на Македонија.

Да потсетиме дека нашата У-21 репрезентацијата има нов селектор, тоа е Драган Канатларовски, а покрај Македонија, Франција и Србија, во групата И се и селекциите на Ф. Острови, Украина и Ерменија.

ФОТО: Охридњус

ПретходноОва е триото со кое ПСЖ ќе ја покори фудбалска Европа!
СледноКако Дончиќ потпишува договор вреден 207 милиони долари!