Иако пред мечот важеа за аутсајдери сепак „пиратите“ во неделата, во мечот од 1.коло во новата сезона, освоја бод кај квалитетната екипа на Ренова. Одиграа 1:1 и освоија голем бод, иако според шансите, посебно таа во финишот, можеа и да победат.
Христијан Кировски уште на стартот покажа дека Скопје во него ќе има “машина за голови“.
“Па, морам да кажам дека одигравме добро, добро се носевме со квалитетната Ренова. На крајот можевме и да победиме, но сепак, бод од Тетово кај Ренова секако дека е добар старт за нас. Само вака да продолжиме, а победите ќе дојдат. Не `летаме`, одиме чекор по чекор, Скопје сака да покаже на секој натпревар дека заслужено се наоѓа во елитата на фудбалска Македонија“ вели Кировски.
Пред една деценија, токму како фудбалер на Скопје, Кировски сезоната во ПМФЛ ја заврши како прв стрелец во лигата. Има ли такви амбиции и во оваа.
“Видете, не е мое сега да кажувам што и како. Се знае дека Бесарт Ибраими е прв фаворит за таа титула. Јас посакувам со моите игри и настапи, секако и голови, како што беше оној на дуелот со Ренова, да придонесам за добрите резултати на мојот тим. Ќе настојувам секоја шанса да ја претворам во гол, па ќе видиме на крајот од сезоната до која бројка ќе стигнам. Најважно е Скопје да бележи успеси“ рече на крајот за Спортмедиа, искусниот голгетер Христијан Кировски. Кој според нашиот портал се најде и во тимот на колото.
Апсолутно заслужено.