Марија Ковачева
Настапот на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години на ФИБА „Челинџерот“ во Скопје дефинитивно виси.
Аматеризмот на раководството на КФСМ е причина за корона-хаос во овој национален тим.
За оние кои не се информирани, кошаркарите беа пратени на пат кон Србија без да ги добијат резултатите од Ковид-тестовите. Истите ги дознале во хотелот во кој биле сместени, па веднаш биле избркани и вратени назад.
Тогаш имаше два случаи на Ковид-19, од вчера бројката расте. Репрезентативците секојдневно се тестираат, па секој ден има по нов нов заразен со коронавирус.
Иако СПОРТМЕДИА пиша пред неколку дена за ова аматерско однесување на КФСМ и побара да се превземе одговорност, сепак никој не се огласи од челниците.
За вакво неискусно однесување во нормални држави се поднесува оставка, останува да видиме дали Перо Антиќ и неговите соработници ќе имаат тронка совест и ќе го сторат истото, оти го загрозија здравјето на децата и нивните родители. Сега веќе сите се во паника, не се знае веќе ништо.
Шампионатот во Скопје стартува за пет дена поточно на 16. август, познавајќи ги ФИБА и нивните ригорозни мерки во време на Ковид-19, тешко дека Македонија ќе добие зелено светло да игра.