Вујовиќ: Не сум задоволен, особено од македонските играчи

549

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ истакна целосно незадоволство од изданието на неговиот тим во дуелот со Еурофарм Пелистер во Суперкупот. Тој истакна дека нема замерка на победата на противникот, напоменувајќи дека ако продолжат вака одредени ракометари, Вардар ќе има големи проблеми.

„Немам ниту една замерка на победата на Еурофарм Пелистер. Ова е првиот меч од оние многу кои не очекуваат многу оваа година. Некои играчи се далеку од енергијата која е потребна Вардар да биде она кое е. Можеби ова е добро предупредување на почетокот. Има уште многу во играта за промена, ама некои играчи ќе мора да се замислат дали ќе може да го носат дресот на Вардар. Ни фалеше Гурбиндо, тука ќе биде и Кудуз на следниот меч, исто и двајцата Французи. Сигурно дека со нив ќе биде поинаков тимот. Но, ќе повторам, не чека долг пат“, рече Вујовиќ.

Тој додаде дека е задоволен само од загревањето од своите играчи.

„Од што сум задоволен од овој меч? Од ништо, само од загревањето. Што може да се каже по толку висок пораз од девет разлика? Незадоволен сум посебно од македонските играчи, на кои многу посветувам време, вложувам и на нив сметам, а покажаа дека се далеку од квалитетот. Ако продолжат вака сите сме во големи проблеми“, изјави легендарниот тренер. 

ПретходноЛаказет еден од кандидатите за замената на Џеко во Рома
СледноПолувреме на европскиот Супер-Куп: Зијех донесе предност па се повреди, пречката го спаси Челзи (ВИДЕО)