Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска е поразена од Шпанија со 24-27 (11-17), во меч од ЕХФ – шампионатот кој се одржува во Литванија. Македонија одигра храбро, се водеше голема борба, посебно во вториот дел, но сепак Шпанија успеа на крајот да слави триумф.
Познато е дека нашите ракометарки во првите два меча успеа да ги победи ракометарките на Литванија и Косово, па така и покрај овој денешен пораз, тие имаат шанса за пласман во полуфиналето, само треба да се победи селекцијата на Финска во последниот меч во групата.