Германскиот интернационалец Шкодран Мустафи може да ја продолжи кариерата во Серија А и тоа во екипата на Џенова. 29-годишниот екс-светски шампион со Германија е слободен фудбалер откако го напушти Шалке и од тогаш е во потрага по нов клуб. Тој беше поврзуван со Фиорентина, потоа со турски Адана Демирспор, а сега понуда има и Џенова.
Според специјалистот за трансфери Никола Скира, Мустафи преговара со Џенова, а на маса е договор до јуни 2025 година што е една од главните причини што Германецот се согласил да седне да разговара со луѓето од Џенова. Скира оди дотаму што вели дека лесно ќе се постигне договор.
Мустафи, кој има потекло од гостиварско, претходно играше за Арсенал, за Валенсија, Сампдорија и Евертон, а има и 20 настапи за Германија.