Битола чекаше ракометен трофеј, и дочека. Еурофарм Пелистер успеа да го освои пехарот во Супер-купот, совладувајќи го вечниот ривал Вардар со 22:31.
Тренерот Жељко Бабиќ видно задоволен од изданието на неговиот тим, после натпреварот кажа дека исполнет е дел од сонот, да се донесе трофеј во Битола.
„Мислам дека ние денес добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола. Се радувам за тоа“, изјави Бабиќ.
Ова беше прв трофеј за екипата од Битола по 2005 година.