Бајиќ не губи надеж: Верувам дека ќе оствариме добар резултат

346

Македонската кошаркарска репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на претквалификацискиот турнир за СК 2023 година. Предводникот, Драган Бајиќ го нема на расплагање тимот кој му беше ветен, но верува во силите со кои ќе располага во битките против Словачка и Швајцарија.

„Ова што следи е најважно, имаме добра атмосфера, добра работа и морам да кажам дека верувам во овие момци и покрај тоа што можеби немаме квалитет. Знам дека тие по секој натпревар со крвави колена ќе го напуштат теренот. Полн сум со самодоверба и поради овие кошаркари, без разлика на респектот кон Швајцарија и Словачка, сигурен сум дека ќе оствариме добар резултат. Ќе се обидеме во следните денови, во последните тренинзи да ги отстраниме сите недостатоци, а потоа да ја завршиме работата и да ги поминеме квалификациите“, вели селекторот Драган Бајиќ.

Македонија првиот меч го игра утре против Швајцарија во СЦ “Јане Сандански“.
ПретходноБелоти не мрда од Торино – потпишува нов договор
СледноКанатларовски: Фудбалерите мора да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување