Бојан Трајковски е новиот капитен на репрезентацијата

805

Кошаркарската репрезентација на Македонија доби нов капитен. Имено по повредата и отсуството на Војдан Стојановски, селекторот Драган Бајиќ за нов капитен го назначи искусниот Бојан Трајковски. Тој е најискусниот во нашата машка репрезентација и секако дека ова е логичен потег.

Инаку нашата репрезентација утре се среќава со Швајцарија, а потоа и со Словачка, во рамките на претквалификациите за пласман на СП 2023 година.

ПретходноЛестер со 15 милиони фунти ќе се обиде да го купи Вестергард
СледноБразилец од школата на Фламенго на проба во Работнички!