Како што дознаваме, Работнички до крајот на летниот преоден рок веројатно ќе се засили и со дефанзивец од Бразил. Станува збор за Рафаел Гоес, кој има само 20 години и потекнува од младинската школа на славниот Фламенго.
Гоес треба да одработи неколку тренинзи со играчите на Работнички, да одигра и една до две пријателски средби, и ако покаже дека има доволно квалитет во себе, секако дека раководството на Работнички ќе го задржи.