Вардар 1961 и Е.Пелистер пред празни трибини за Суперкуп трофејот

380

Вардар 1961 и Е.Пелистер денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ за првпат пред стартот на новата сезона ќе ги одмерат силите. Двата најголеми конкуренти за освојување на двојната титула во домашниот шампионатот ќе се борат за Суперкуп трофејот.

Актуелниот првак во оваа пресметка ќе влезе со големи промени во составот, а на клупата ќе биде Веселин Вујовиќ, за кого ова ќе биде прв официјален натпревар.

Битолчани минатата сезона еднаш успеаја да најдат решение за „црвено-црните“, останува да видиме дали ќе успеат да ја повторат истата игра и да ја искористат невоиграноста во редовите на Вардар 1961 на кого дефинитивно ќе му биде потребно време за да функционира како едно.

Поради пандемијата коронавирус овој меч ќе се одигра без публика.

ПретходноМеси: Бев тажен, сега сум среќен
СледноПрвиот човек на ПСЖ: Се надевам дека Меси нема веднаш да бара покачување на платата