Кадетките со втора победа: По Малта, победа и над Албанија

111

Женската кадетска селекција до 16 години ја обезбеди и втората победа на ФИБА Челинџер турнирот во Тбилиси. По Малта, нашите кадетки денеска беа подобри и од Албанија, совладувајќи ја со убедливи 72:46.

За разлика од првиот меч против Малта, на овој, нашите млади кошаркарки ја најавија својата доминација уште од самиот почеток на натпреварот. По десет минути од играта создадоа сигурно водство од (19:11), кој до полувремето практично го удвоија.

Капитенот на нашата селекција, Михаела Алексовска имаше одлично издание кое го заокружи со реализација на 32 поени (12/19 во обидите за два поени), плус и пет освоени топки, четири скока, три асистенции за нецели 30.минути поминати во игра на овој меч. По еден ден пауза на турнирот во Тбилиси, на 13. август, од 17 часот, нашите кадетки ќе ги одмерат силите со селекцијата на Ерменија.

ПретходноЈа преживеа војната, па на 12 години настапи на ЛОИ во Токио
СледноФеникс 2010 доведе нов американски „плеј“