Канатларовски: Фудбалерите мора да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување

428

Новиот селектор на македонската репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, пред предизвиците со кои ќе се соочи со неговиот тим во квалификацискиот циклус за ЕП кој почнува во септември, во видео изјава за ФФМ вели дека чувствува уште поголема енергија и сила за да се докаже на новата функција.

„Македонија до 21 година остави голем печат со учеството на Европското првенство и ќе работиме максимално фокусирано да се обидеме да го повториме тој резултат. Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување“, вели популарниот Цапар.

Во стручниот штаб на селекторот Драги Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.

ПретходноБајиќ не губи надеж: Верувам дека ќе оствариме добар резултат
Следно„Меси Манија“: За дрес се чека со часови и во редици долги стотици метри (ВИДЕО)