Лаказет еден од кандидатите за замената на Џеко во Рома

326

Един Џеко е веќе играч на Интер, па така Рома нема да чека да му најде замена. Според последните информации од Италија, „волчицата“ се подготвува да испрати понуда за напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет.

Лаказет би можел да си замине од Арсенал, за „топџиите“ да отворат место за Теми Абрахам од Челзи, кој ќе си замине по пристигнувањето на Ромелу Лукаку во таборот на „сините“.

Според последните информации, и Рома се обидува за Абрахам, но тој инсистирал да остане во Англија, па така тој на крајот би можел да замине во Арсенал, а Лаказет да се пресели во Рома.

ПретходноБабиќ: Исполнивме дел од сонот – да освоиме трофеј за нашата Битола
СледноВујовиќ: Не сум задоволен, особено од македонските играчи