Лестер испратил почетна понуда од 15 милиони фунти за централниот бек на Саутемптон, Јаник Вестергард. „Лисиците“ беа принудени да бараат нови опции во одбраната, откако Весли Фофана се здоби со сериозна повреда, која може да го оддалечи од терените до шест месеци.
Бидејќи беа принудени да се вратат на трансфер пазарот по повредата на Фофана, тимот на Брендан Роџерс го идентификуваше централниот дефанзивец на Саутемптон, Вестергард како нивна главна цел.
Лестер Сити достави почетна понуда од 15 милиони фунти до Саутемптон во обид да ги добие услугите на данскиот репрезентативец. „Светците“,допрва ќе ја разгледуваат понудата, бидејќи се вели дека бараат најмалку 18 милиони фунти за продажба на поранешниот дефанзивец на Борусија Менхенгладбах.