На официјална прес-конференција, првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи и Лионел Меси за првпат зборуваа пред медиумите.
Аргентинскиот напаѓач изјави дека му било тешко што заминал од Барселона, но сега е среќен. Неговата цел е да освои трофеи и да ужива во Париз.
„Сите знаат колку ми беше тешко да заминам од Барселона, тешко ми беше да замислам промена после толку долго време. Но, само што дојдов тука се наполнив со ентузијазам. Воодушевен од Париз, јас и моето семејство уживаме. Сега сакам да тренирам и да ги запознаат соиграчите и тренерите. Барса објави дека не може да ме регистрира, се беше решено брзо. Сакам со новиот клуб да освојувам трофеи и да победувам, затоа и дојдов“, изјави Меси и додаде:
„Овие недела дена беа напорни и возбудливи. Многу преживеав, почувствував различни чувства. Мислам дека никој не е подготвен на такво нешто“.