Меси: Едвај чекам да го започнам новото поглавје во мојата кариера

459

Аргентинскиот суперстар Лионел Меси синоќа го потпиша договор со Пари Сен Жермен и со тоа сврте нова страница во својата кариера која досега беше поврзана само со Барселона. Тој го напушти „Ноу Камп“ откако не се договори со челниците на Барса и отиде во ПСЖ.

Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција за уште една година.

Едвај чекам да го започнам новото поглавје во мојата кариера. Клубот и неговата визија се во перфектна хармонија со моите амбиции. Знам колку талентирани играчи и тренери има тука. Спремен сум да се надоградувам заедно со нив. Со нетрпение чекам да стапнам на теренот на Паркот на принцовите“, се првите зборови на Меси по трансферот во ПСЖ.

 

ПретходноОфицијално: Лео Меси потпиша за ПСЖ!
СледноПознати дуелите од плеј-офот во ЛШ