Меси: Мојот сон е уште еднаш да ја освојам ЛШ, затоа и дојдов во Париз

196

Новата ѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси изјави дека сака да ја освои Лигата на шампионите со францускиот гигант. На новинарско прашање дали е ПСЖ подготвен да ја освои Лигата на шампионите, Меси одговори:

„Мислам дека тимот веќе го има потребното ниво, тимот е подготвен за победа. Имаше нови трансфери, но ПСЖ веќе беше многу близу до освојувањето на трофејот. Дојдов само да помогнам, и да го покажам максимумот. Мојата цел и сон е повторно да ја освојам Лигата на шампионите. Мислам дека ПСЖ е најдобро место за да се обидам и да го направам тоа“, вели Аргентинецот, кој денеска и официјално беше преставен во Париз.

ПретходноМакедонија по голема борба е поразена од силната Шпанија
СледноЛестер со 15 милиони фунти ќе се обиде да го купи Вестергард