За само неколку часа по трансферот на Лионел Меси, ПСЖ објави продажба на околу 250.000 дресови со името и бројот на Аргентинецот на официјалната фан шоп веб-страницата на клубот. Ако се знае дека цената на дресот е 107,99 евра, тоа значи дека ПСЖ во еден ден врати 27 милиони евра вложени во трансферот на Аргентинецот.
Вчера францускиот гигант го објави трансферот на 34-годишниот фудбалер, кој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една. Тој ќе игра за ПСЖ дрес со бројот 30.