Екипата на Ангели, еден од новите прволигаши во претстојната сезона ги потпиша и првите две странски засилувања, кои ќе бидат од голема помош за младите кошаркари за предизвиците кои ги носи ова натпреварување.
А.Џеј Самбри, игра на позицијата крилен-центар и центар, тој минатата сезона играл во првата грузиска лига. Второто име е Џони Васар кој игра на плејмејкерската позиција и лани го носел дресот на Вршац од Србија.