Париз и денеска е во центарот на вниманието. ПСЖ успеа да го донесе Лионел Меси во своите редови. Откако вчера пристигна во градот на „светлината“ денеска заедно со првиот човек, Насер ал Келаифи заедно со аргентинскиот фудбалер отворено зборуваа пред новинарите.
Меси е магнет за пари. Со неговото доаѓање клубот ќе биде во неверојатен плус, финансиски, но и ќе стане уште попопуларен.
„Лео е неверојатен плус за клубот. Неговото доаѓање имаше фансцинантен впечаток на социјалните мрежи, популарност на клубот и продажба на дресовите. Се надевам дека одма нема да бара покачување.
Француската лига со неговиот трансфер ќе оди ниво погоре. И кога станува збор за ТВ правата и за спонзорските договори. Секој сака да го гледа Меси во ПСЖ. Останатите тимови веќе ми се заблагодарија за неговото доаѓање. Ова не го правиме само за ПСЃ, туку и за целата француска лига“, изјави првиот човек на ПСЖ, кој прво му посака добредојде на Меси.