Престедателот на ПСЖ за Мбапе: Нема повеќе простор за изговори

692

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи за време на официјалната промоција на Лионел Меси испрати силна порака до Килијан Мбапе.

„Килијан е конкурентен и јавно кажа дека сака ист таков тим. Еве, сега го има. Мислам дека нема повеќе простор за изговори“, рече првиот човек на францускиот тим на новинарското прашање дали е ова тимот кој го посакувал Мбапе.

Најдобриот млад фудбалер во ПСЖ е од 2018 година, дојде од Монако за 180 милиони евра. Во дресот на овој тим одигра 172 меча и постигна 132 гола, намести 62 гола.

Неговиот договор истекува следното лето, има најави дека ќе се пресели во Реал Мадрид, кој се обидува да го добие веќе долго време.

ПретходноДашмир Беари нов селектор на македонската репрезентација до 19 години
СледноРоналдињо му испрати порака на Меси