Санта Клара се најде во големи пред мечот со Олимпија во Љубљана во Купот на конференциите откако пријави дека 10 фудбалери се позитивни на Ковид-19. На тестирањата е откриено дека во клубот има нови случаи на заразата поради што се преземени итни мерки за заштита, тројца фудбалери се ставени во изолација на островот Сао Мигел и седум во изолација во хотел во Пењафиел.
Тимот од Азорските острови го елиминираше Шкупи во претходното коло со две победи, дома и во гости, а сега излегува на мегдан со словенечка Олимпија. А ќе има големи маки околу изборот на здрави фудбалери кои ќе отпатуваат за претстојниот меч во четврток (20 часот).
Да потсетиме дека експедицијата на Санта Клара допатува во Скопје имунизирана.