Пенал-рулетот беше посреќен за Челзи во Европскиот Супер-Куп во Белфаст. По регуларните 1:1, се премина на изведување на пенали, каде во петте серии и двата тима имаа по едно промашување, а во седмата серија Кепа му одбрани пенал на Албиол за победа.
Инаку Тухел го стави Кепа во 118 минута во игра, да брани пенали, и на крајот се покажа како клучно.
Регуларниот дел заврши 1:1. Челзи поведе со гол на Зијех, израмни Морено во вториот дел.
Европскиот првак ја почнува новата сезона со трофеј.
Видео од пенал серијата ТУКА.