Швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири во следните денови би требало да пристигне во Франција, и да го комплетира трансферот во Лион.
Играчот на Ливерпул е незадоволен од својата минутажа, и ќе ја бара среќата во друг клуб, а Лион ќе му дојде како порачан, со оглед дека бара замена за Депај кој замина во Барселона.
Ако потпише, за Шаќири тоа ќе му биде прв предизвик во Франција, откако играше во Германија (Баерн Минхен), Италија (Интер) и сега Англија (Стоук и Ливерпул).