Вчера беше промовирано засега најголемото засилување во таборот на Струга Трим Лум, офанзивецот Флоријан Кадриу. Очекувањата од него се големи, а и тој не крие дека е задоволен од тоа што потпиша за струшкиот прволигаш.
“Многу сум задоволен и среќен од тоа што дојдов во Струга Трим Лум, што сум дел од овој клуб. Секако дека ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе, да му помогнам на тимот со голови и асистенции. Очекувањата се дека одново може да избориме излез во Европа. Искрено, имав неколку опции каде да ја продолжам својата кариера, но ете се решив да потпишам за Струга Трим Лум“ изјави за клупската интернет страница, Флоријан Кадриу.
Инаку во недела Струга Трим Лум на свој терен го дочекува составот на Пелистер и по ремито со А. Пандев на стартот од сезоната, го посакува првиот триумф.