Белоти не мрда од Торино – потпишува нов договор

140

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти нема да ја менува средината ова лето. И покра интересот на многу клубови во Европа, сепак, европскиот првак со „Аѕурите“ решил да остане во редовите на Торино, но останува да се прецизираат некои детали меѓу кои и висината на откупната клаузула.

Напаѓачот има договор до крајот на новата сезона, па Торино мораше да дејствува брзо или да му понуди подобрени услови или да го продаде и да заработи нешто или ќе ризикува да го изгуби без пари идното лето.

Неофицијално, со новиот договор Белоти ќе добие покачува на платата на 3,3 милиони евра по сезона. Откупната клаузула Белоти сака да биде помеѓу 20 и 25 милиони евра што значи дека доколку пристигне некоја интересна понуда да може да си оди.

Од друга страна Торино сака да стави висина на отштета од 40 милиони евра.

Во актуелниот договор Белоти има откупна клаузула од 100 милиони евра која важи само за клубови надвор од Италија.

ПретходноРоналдињо му испрати порака на Меси
СледноБајиќ не губи надеж: Верувам дека ќе оствариме добар резултат