Откако во првото коло во новата сезона во ПМФЛ, Академија Пандев против Струга Трим Лум како домаќин одигра во вечерен термин од 20 часот, во недела исто така ќе игра под рефлектори. Имено дуелот од 2.коло меѓу Академија Пандев и Работнички ќе започне исто во 20 часот, и исто ќе се игра на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица. И во ова коло ова ќе биде единстен меч кој ќе се игра под рефлектори, сите останати натпревари во недела се зкажани од 17 часот.
Инаку од таборот на Академија Пандев се надеваат дека против „романтичарите“ ќе можат да сметаат на своето големо засилување Оусман Маронг, кој дојде од Ц. Звезда, се чека само на сертификатот.