Бајиќ го одреди составот за дуелите против Швајцарија и Словачка

336

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ја почнува претквалификациската битка за СК 2023 година. Со изменет состав и нов селектор, нашиот најдобар национален тим во Скопје ќе треба да ги мине Швајцарија и Словачка, поточно да ги освои првите две места во групата за пласман во следната рунда, но и за потврда дека кошарката има што да понуди.

На кормилото на Македонија е Драган Бајиќ. Новиот предводник го одбра составот со кој ќе се спротистави во овие претквалификации.

СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Андреј Андоновски МЗТ Скопје 2

Виктор Ефремовски Гостивар

Бојан Крстевски МЗТ Скопје

Андреј Магдевски Плоешти

Горјан Марковски Куманово

Адем Мекиќ МЗТ Скопје

Кристијан Николов МЗТ Скопје

Дамјан Робев МЗТ Скопје

Теодор Симиќ Барселона

Бобан Стајиќ Пелистер

Бојан Трајковски Пелистер

Џејкоб Вајли Будуќност

Претквалификацискиот турнир го отвараме против Швајцарија, мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. И противникот исто како нас во Скопје допатува без првата ѕвезда, Клинт Капела од Атланта Хоукс, како и без неколку кошаркари кои приредија изненадувачки резултати во квалификациите за Европското првенство.

Македонија пак нема да смета на Војдан и Дамјан Стојановски, Стојан Ѓуроски и Ненад Димитријевиќ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

12.08.2021 Македонија – Швајцарија 19:00

13.08.2021 Швајцарија – Словачка 19:00

14.08.2021 Словачка – Македонија 19:00

16.08.2021 Швајцарија – Македонија 19:00

17.08.2021 Словачка – Швајцарија 19:00

18.08.2021 Македонија – Словачка 19:0

ПретходноМбапе под лупата на новинарите, се „фатија за влакно“
СледноКадетите и кадетките во битка за полуфинале на ЕХФ шампионатите