Пад на кошаркарската репрезентација за едно место на листата на ФИБА

131

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пад од една позиција на најновата листа на ФИБА.

Сега избраниците на Драган Бајиќ се на 53. позиција на листата.

После одржување на Олимпијадата, во која САД го освои златниот медал, има нов поредок. Токму САД е на врвот, додека на втората позиција е селекцијата на Шпанија. Трета е Австралија, а меѓу топ 5 селекции се и Словенија и Франција.

Словенците со одличниот настап на ЛОИ се искачија за 12 позиции.

Подобрување на пласманот нашите репрезентативци ќе имаат во следниот период со оглед дека денеска почнуваат квалификациите за СП 2023. Македонија вечерва од 19 часот ја пречекува Швајцарија во „Јане Сандански“.

ПретходноЛазаров: Ако сакаме да изградиме тим, мораме да бидеме и трпеливи
СледноИ кадетките во полуфинале, по голема драма падна и Финска