Стив Кер рече дека со задоволство ќе се согласи да стане нов селектор на американската кошаркарска репрезентација.
Грег Попович го напушти тимот по Олимпијадата во Токио, а Грент Хил наскоро ќе го замени Џери Коланџело како генерален директор. 55-годишниот Кер работеше како асистент на Попович и вели дека ако добие понуда ќе ја прифати без размислување.
„Немам идеја кој на крајот ќе го предводи американскиот тим на Олимписките игри во Париз. Има толку многу одлични кандидати овде. Ако ме сметаат за кандидат за функцијата, тоа ќе биде голема чест за мене. Се разбира, јас сум заинтересиран да ја водам репрезентацијата. Кој не би? Ајде да видиме што ќе се случи понатаму“, изјавил Кер.