Челзи по изведување на пенали ја совлада Виљареал и го освои европскиот Суперкуп. Пред стартот на серијата на изведување на удари од белата точка, Томас Тухел направи измена кај голманите, го извади Менди, на негово место да го стави Кепа Аризабалага. Овој потег се покажа како полн погодок, Кепа одбрани два пенала.
По завршување на мечот Тухел објасни зошто се одлучил на ваква измена.
„Секако дека не е случајна промената на голманите. Разговарав со нив уште кога дојдовме во клубот. Бевме добро подготвени. Знаевме дека Кепа е најдобар кога станува збор за пеналите. Аналитичарите ми ги покажаа бројките, а потоа разговаравме со играчите. Им дадовме до знаење дека ова може да се случи. Начинот на кој Менди ги прифаќа нашите одлуки е одличен“, изјави Тухел.