Ќатип Османи, шефот на струката на Ренова, поради болест не можеше да ја води својата екипа против Скопје на првиот меч сезонава. Можеби и затоа “гипсарите“ не беа на своето ниво, одиграа само 1:1 со “пиратите“ во неделата на стадионот под Шара.
Проблем е што играчите на Ренова во последните неколку денови тренираат без него, но сега Ќато подобро се чуствува и веројатно ќе се врати на клупата за неделниот меч. А тој меч дербито за Тетово, играат Шкендија и Ренова. Секако дека ова не се пропушта, па така и Ќатип Османи не сака да го пропушти.