Рускиот кошаркар Алексеј Швед е промовиран како нов играч на ЦСКА Москва. 32-годишниот кошаркар по раскинување на договорот со Химки се пресели кај „армејците“ и потпиша договор на 1+1 година што значи дека оставува во Русија и во Евролигата.
Швед беше централна фигура во Химки, но клубот се најде во големи финансиски проблеми поради што истапија од ВТБ лигата за наредната сезона. Доаѓањето на Швед воедно значи и негово враќање меѓу „армејците“ каде претходно играше во младите селекции, а потоа и за сениорите, за во 2012 година да отиде во Минесота, па Филаделфија, играше и за Хјусон, Њујорк Никс, а во 2015 година се врати во Русија и потпиша за Химки.
Инаку Швед е освојувач на Евролигата со ЦСКА (2008).