Бајиќ: Со толку промашени зицери и слободни фрлања нема победа

212

Селекторот Драган Бајиќ очигледно немаше на што да биде задоволен по вечерашниов стартен пораз на претквалификацискиот турнир за СП во Скопје против Швајцарија. По средбата тој вели дека уште синоќа ја почувствувал нервозата кај нашите репрезентативци.

„И синоќа почувствував многу нервоза, а и денеска влеговме во некој грч. Во тој грч останавме без енергија и концентрација. Имавме многу промашени зицери, сигурно 8-9 лесни поени, 7 промашени слободни фрлања, и на крајот она што пресуди во финишот, големи грешки кои го одлучија мечот. И да победивме немаше којзнае што да добиеме, а и вака не сме загубиле многу. Треба само да одмориме, да анализираме, да се рекуперираме и да се обидеме да победиме на следниот меч“, вели селекторот Бајиќ.

ПретходноМекиќ: Ништо не е загубено, имаме уште три средби
СледноБојан Крстевски: По наши грешки го загубивме овој натпревар!