Бајиќ: Швајцарија е сериозен противник, со глава и опаш

166

Швајцарија е првата пречка за македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за СК 2013 година. Селекторот Драган Бајиќ и неговите избраници се пред тешка задача – да се врати кошарката на нивото кое сите го посакуваат.

Патот не е лесен, особено во овие претквалификации. Македонија во некомплетен состав ќе излезе на теренот. Нервозата е присутна кај репрезентативците, притисокот е голем, но никој не губи надеж.

Дојдовме до почетокот на овој претквалификациски циклус. Морам да кажам дека забележувам мала доза на нервоза кај моите кошаркари што е и нормално ако се знае дека немавме голем број натпревари во овие подготовки.

Швајцарија е сериозен тим, со глава и опаш, имаа и промена на селекторската функција и промена на системот на игра. Ги краси сериозна агресивност, имаат напаѓачка формација, дисциплинирани се и знаат што прават. Ние имавме доволно време да се подготвиме за натпреварот, се надевам дека тим ќе одговори на моите барања и дека нема да недостасува енергија“, изјави Бајиќ. 

Сите на чело со селекторот ветуваат дека Македонија ќе ја претстават во вистинско светло.

„Им кажав на играчите дека ни пораз, ни победа нема ништо да одлучат, ни претстојат уште три натпревари и затоа се надевам дека добро ќе одговориме по она што го работевме за време на подготовките и дека на најдобар можен начин ќе ја претставиме Македонија.

Јас како тренер секогаш се подготвувам за првиот следен натпревар. Сега тоа е дуелот со Швајцарија, така што за Словачка уште не сум ни размислувал. Фокусот е ставен на првиот меч и тоа го барам и од кошаркарите“.

ПретходноПелистер ги договори Шпанецот Домингез и Јуфо!
СледноСудии за 2.коло: Бартон ќе им суди на Борец и Тиквеш!