ФК Борец, прволигашот од Велес се засили со нов офанзивец. Тоа е Србинот Крста Ѓорѓевиќ (27), кој изминатите шест месеци го носеше дресот на Силекс. Познато е дека кратовци испаднаа од ПМФЛ и поради тоа што во Втора лига не можат да регистрираат странци, Ѓорѓевиќ мораше да си замине.
Инаку пред да дојде во Силекс, офанзивецот играше и за екипите на Радник, Мокра Гора, Бачка…