Бојан Крстевски: По наши грешки го загубивме овој натпревар!

181

 

По поразот од Швајцарија во првиот меч од претквалификациите за СП 2023, свој коментар имаше и нашиот репрезентативец Бојан Крстевски.

Тој смета дека Македонија загубила по своја вина, по наши грешки.

“Отворивме малку тешко, посебно во втората четвртина не се снајдовме најдобро на нивната одбрана. Имаше полн рекет, имаше блокади, не погодивме неколку отворени шутеви, потоа падна концентрацијата. Мислам дека по наши грешки го загубивме овој натпревар. Дефанзивно и не бевме така лоши, шест- седум поени, на крај и некои тешки кошеви ни дадоа“ посочи Крстевски.

Сепак тој смета дека уште ништо не е загубено.

„Да, има има уште да се игра, не губиме ништо со овој натпревар. Одиме понатаму. Сега да се одмориме, а потоа ќе има време и за анализа. Ќе знаеме што ни недостига и да се подгитвиме за тоа што следува. Ќе биде подобро. Јас мислам дека ги имаме овие квалификации“ заклучи во оптимистички тон нашиот репрезентативец.

ПретходноБајиќ: Со толку промашени зицери и слободни фрлања нема победа
СледноДумфрис слета во Милано, утре потпишува за Интер (ВИДЕО)