Британците може да останат без среброто на штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Токио, бидејќи еден од спринтерите бил позитивен на недозволени супстанции.
Станува збор за Си Џеј Уџа кој имал присуство на супстанции Остарин и С-23, во крвта, кои имаат сличен ефект како анаболните стероиди. Целиот случај го презеде Меѓународната агенција за тестирање, која започна истрага. Доколку 27-годишниот спринтер биде прогласен за виновен, се очекуваат строги санкции.
Тоа веројатно ќе значи и одземање на среброто од споменатата трка.