Генсхајмер и Вајнхолд повеќе нема да играат за Германија

162

По разочарувачкиот настап на Летните олимписки игри, капитенот Уве Генсхајмер објави дека нема повеќе да игра за германскиот национален ракометен тим. Играчот на Рајн Некар Левен од 2005 година настапува за Германија, а до сега има преку 200 натпревари и бронза на ЛОИ во Рио.

Покрај капитенот „пензионирање“ од репрезентацијата објави и левиот бек Штефен Вајнхолд, додека голманот Јоханес Битер од Кил објави дека сака да земе долга пауза од германската репрезентација меѓутоа е отворен за кам-бек во случај на итност.

Со тоа селекторот Алфред Гисласон ќе мора да прави голема реконструкција, како и да внесе помлади ракометари затоа што поголемиот дел од сегашната селекција се на залезот на кариерата.

FOTO> Twitter/Rhein-Neckar Löwen

ПретходноГеоргиевски: Среброто од Токио во Париз ќе го претворам во злато
СледноПелистер ги договори Шпанецот Домингез и Јуфо!